Јакимовски: Heмам ниту еден стан, бев нajуспешен градоначалник во Југоисточна Европа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тврди дека нема ниту еден стан и дека бил најдобар градоначалник во Југоисточна Европа. Стевчо Јакимовски во гостувањето на ТВ 24 во Студио 10 вели дека градоначалничката работа треба да биде запаметена само со крупни зафати, а инфраструктурно тој како градоначалник на Карпош и Коце ТРајановски на град Скопје, вели дале многу за градот.

Побара државата да продолжи да го испитува неговото работење.

„Ниту еден стан немам. Одговорно тврдам. Целата таа приказна мораше да издише, а тоа мораше да дојде преку кривични пријави. Од 100 години наназад, ние за политичко мислење би се убивале. Јас стојам зад тоа дека државата може да ме контролира кога сака и каде сака. Јас треба секогаш да бидам исправен и кога тоа ќе се констатира, треба да го признае. Јас сум прогласен за најуспешен градоначалник во Југоисточна Европа“, изјави Јакимовски.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во октомври 2019 година поднесе обвинение против 11 лица, меѓу кои првообвинет е Јакимовски за злоупотреба на службената положба и бесправно градење.

Според обвинителниот акт, обвинети се: градоначалникот, осум административни службеници од Општина Карпош и две одговорни лица во правно лице – изведувач и надзор. Според дејствијата опишани во актот, првообвинетиот сторил повеќе кривични дела, злоупотреба на службената положба и овластување од чл. 353 ст. 5 во врска со ст. 3 и едно кривично дело бесправно градење од чл. 244-а ст. 1 од Кривичниот законик, едно лице сторило кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 в.в. со ст.3 од Кривичниот законик, на седуммина им се става на товар кривично дело несовесно работење во служба од чл. 353-в ст. 5 и две лица, со опишаните дејствија во обвинението, сториле кривично дело бесправно градење од чл. 244-а ст. 1 од Кривичниот законик

Latest News

Getting Started with the 82 Lottery App A Comprehensive Guide

Have you ever dreamed of winning big in the lottery? With the 82 Lottery App, you can turn that...

More Articles Like This