Јанески: Синџирот е ‘рѓосан, народот бeгa од Македонија поради корупцијата која чини животи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Немањето желба да се живее во Македонија е поради системски воспоставената корупција. Таквата коруптивност до степен на нормалност кај нас доведува до непонесувањето одговорност за ваквите трагедии. Само флоскули. Само празни зборови. Само сочувување на синџирот составен од алки налик себе, сè додека според синџироносачот не фати ‘рѓа, но, поради лични анимозитети (како случајот со Пауновски), а не поради објективни корозии кои настанеле поради немањето ни трошка (само)свест за сите кои синџирот ги стега сè повеќе и повеќе околу. Во таквото стегање на синџирот и зачестената појава на ‘рѓа кај многуте алки, секогаш страдаат тие кои се однатре на синџирот, кој се стеснува.

Ќе се скине еден ден, но, тогаш само тагата од Стајковци, Ласкарци, Тетово и сличните вакви немерливи трагедии во душата на стегнатите кои ‘рѓосаната корупција ги уништила ќе останат како мерило за тоа колку оваа земја нема одговорност кон своите граѓан(к)и, па макар и морална. И така синџирот никогаш не замира. Само се менуваат алките според потребите на синџироносачите.
Но, одговорност мора да има! Трагедијата во Тетово ја покажува корупцијата на највисокото и на најниското ниво на владините ешалони во Македонија! Исто како што одговорност мора(ше) да има и за Ласкарци, Стајковци, Кочани и Берово, Охрид… низата на трагедии неброена, бројката на згаснати приказни неумолива, а одговорноста за сопствениот народ недостижна. А предупредавања имало.

#Одговорност #ПравдаЗаТетово

Спокој на душите и сочувство до семејствата, пишува на Фејсбук новинарот Огнен Јанески.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This