(Видео) Јанушев: Време е да ја вратиме државата во рацете на народот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Веќе неколку недели македонскиот народ е на улици во одбрана на Македонија од неправдите и зулумите кои му ги прави криминалецот и патолошки лажго на власт Зоран Заев, кој наголемо ја распродава Македонија и македонските национални обележја. Вака пратеникот Игор Јанушев од протестот пред македонската Влада под мотото „Оставка на Заев, слобода на народот!.

„Човекот кој што ја има окупирано фунцијата Премиер е докажан криминаалец со судски постапки, аболициран, помилуван. Истиот тој човек распродава се, преговараат за Гоце, за државата, за се што е македонско. Ние, треба да се срамиме единствено од нив, од Заев, од Бучковски и тие околу него. Имаме двајца докажани криминалци, двајца осудени криминалци кои преговараат за се што е македонско, на кои што овде не им е местото“, истакна Јанушев.

Од пред влада пратеникот Јанушев им порача дека правдата знае да биде бавна, но не и слепа и дека за сето ова зло што им го прават на Македонија и на македонскиот народ, ќе се најдат онаму каде што заслужуваат, пред лицето на правдата.

„Единствениот стандард кој што го воспоставие во овие неколку години нивно владеење е само крадење и лажење. Единствената вредност за која што знаат да зборуваат е како да прифатиме нечии други вредности, заборавајќи на нашите традиционални македонски вредности, за оние вредности кои што генерации и генерации се бореле“, рече тој.

Тој додава дека да, сакаме во Европа, сакаме во Европската унија, но европските вредности, се демократија, владеење на правото, борба со корупцијата, а за сите овие работи овие во Влада преставуваат антипод на тие вредности.
Ги повика сите граѓани да се придружат на секојдневните протести, затоа што еден единствен човек е непријател на Македонија и македонскиот народ и на сите оние кои што живеат во Република Македонија, тој човек има име и презиме и се вика Зоран Заев.

Време е, порача Јанушев, да си ја вратиме државата во рацете на народот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This