April 28, 2024, 10:27 am

Јанушев до Николовски: Дали малце бар мислеа и дали бар малце им беше нелагодно кога ги правеа сите овие злодела и кога ги распродава државните, македонските, националните интереси

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вечерва од Пробиштип генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на ИЕ 3 Игор Јанушев ги запраша членовите на СДСМ и неговиот против кандидат Љупчо Николовски, дали малце бар мислеа и дали бар малце им беше нелагодно кога ги правеа сите овие злодела и кога ги распродава државните, македонските, националните интереси.

-Го слушам оној мој противник како бил навреден бидејќи народот ги нарекувале северџани. Воопшто не запрашувајќи се колку пак тие го понижија и омаловажија македонскиот народ. Затоа ви даваме збор драги пријатели, аманет за нас, дека во следните четири години ќе работиме интензивно и напорно да го вратиме македонското национално достоинство. Македонецот да биде човек, граѓанин на оваа држава со високо подигната глава и исправена кичма, порача Јанушев.

Велат дека можат, но не граѓани. Тие можеа но, не направија, рече Јанушев.

-Тие може само да бараат по едно евро за тате и бате, да крадат, да го окупираат судството и обвинителството, да не направат ништо за вас граѓаните, да палат автомобили. Затоа сите обединети онака референдумски да излеземе на 15-ти јули и рано сабајле во среда и да го заокружиме бројот 14, за 14 пратеника во изборната единица 3. Да сте здрави и живи и да ни е вечна Република Македонија, заврши Јанушев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This