ЈАНУШЕВ ДО ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ: А зинете – лажете!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кога Љупчо Николовски лаже, се подлабоко влегува во сопствената лага, вели во својата реакција генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев.

Фејсбук статус на Игор Јанушев:

Она што тој го предлага е Мицкоски што седнал во кафеана да оди во затвор, а да го награди Заев за успешно справување со короната, за најнекорумпиран политичар и најискрен човек на светот, колку и апсурдно да е сето ова.

Но, не со тие куршуми. А зинете – лажете!

И, нема да редам колку лажни вести сте пуштиле затоа што списокот е долг. Па, дојдовте до таму да излажете и за почитувањето на карантинот, сликата со желката, помножено со бројот на километри од Паланка до Берово, минус времето потребно за патување, покажува дека Љупчо излажавте дури и за тоа.

На народот му се превртува во стомакот од вашето лицемерие.

Откако Шекеринска гласаше за карантинот, си отиде во Маврово слободно да си одмара. На власт сте Николовски и изгледа заборавивте дека Агенција за вработување излезе со бројка од 15.371 луѓе кои останаа без работа. Рекордери сте единствено по задолжување и криминални тендери, не залудно Македонија е на сите листи во светот меѓу први по хибриден режим, криминал и корупција.

Но, народот знае тоа да го цени, и вам и на тие како вам ќе им одговори на избори.

П.С. – И околу лажните вести добро е Љупчо Николовски да одговори, како тоа отиде и се врати од Берово за еден ден со полициски час кој почнува од 16 часот, а патот од Паланка до Берово и назад е 5 и пол до 6 саати? Изгледа некоја посебна желка е?

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This