ПРОДАНОВСКА ЗА ВО ЧАИР ЈА НЕМА,НА БОЕМСКА Е ПРВА: Отворени продавници и маркети во Чаир , луѓето си пазаруваат на целосен карантин во Скопје

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Отворена продавница во Чаир, луѓето си пазаруваат, а само на неколку метри од нив полиција која ги проверува само дозволите за движење на оние кои се со возила.

Во репортажата на Телма од денешниот карантински ден во Скопје, покажува дека и во населбата Даме Груев одвреме навреме поминува полициска патрола, но граѓаните не се многу исплашени, а полицијата само ги предупредува да се вратат дома.

„Додека полицијата стои на крстосница и бара дозволи од возачите, на само неколку метри од нив – отворена продавница. Позачудувачки е редицата граѓани коишто мирно чекаа ред за да испаразат на сред полициски час. Движење регистриравме и во други населени места во скопско. Казни нема, само остри усни опомени за луѓето кои опуштено се движат надвор иако тоа не смеат да го прават“, се вели во репортажата.

Од друга страна пак нигде ја нема државната пазарна инспекција да излезе на терен во скопски Чаир и да провери дали се почитуваат мерките на надлежните. За разлика од претходната недела, од инспекторатот на пазарната инспекција ја нема ниту раководителката на Одделението за инспекциски надзор Скопје, Мери Продановска да одржи прес-конференција и да објасни што навистина се случува во во овој дел од градот и дали се почитуваат мерките кои што ги донесе Владата.

Инаку, Мери Продановска која што е раководител на Одделението за инспекциски надзор Скопје, важи за блиска до владеачката СДСМ, а претходната недела истата направи вистинска драма во ресторан на „Боемска улица“ каде што ручал лидерот на опозицијата. За ситуацијава да биде уште подраматична истата се погрижи да држи вонредни прес-конференции за медиумите, како небарем во кафеаната да се организира најголемиот криминал, додека за денешниве случувања во Чаир и тоа за време на целосен карантин истата нигде ја немама да се појави на терен за да провери што се случува.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This