ЈАНУШЕВ: Каков апсурд, до каде сте со клиничкиот?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За која грижа на граѓаните зборуваат Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче?!?? Кој апсурд!

2017 година имаа ветување дека ќе изградат нов клинички центар во Бардовци.
2018 година имаа ветување дека ќе изградат нов клинички центар во Визбегово.
2019 година имаа ветување дека ќе изградат нов клинички центар во Ѓорче Петров.

Во 2020 година да изградија, ПАРКИНГ кај клиничкиот центар!

Нема 500 евра просечна плата, нема 100.000 денари плата за докторите, нема набавка на нови респиратори, има само криминал, манипулации … владата на СДСМ тоне во лаги и корупција!

Да се потсетиме и на амбулантните возила, и на мерцедесот кој требаше да биде продаден за таа намена, за сега да ги гледаме како се луксузираат во уште понов модел, наместо да бидат обезбедени возила кои и те како им се потребни на нашите клиники.

П.С. – се уште го чекаме бројчаникот на порта, ама тоа знаеме дека не ви одговара, затоа што тонете во задолжувања и долгови, тонете во криминали, тонете во лаги.

А, не само што продолжувате со потценување на сопствениот народ, туку и барате и “стапот да игра” кон истиот тој народ кој утре ќе го молите да ве гласа!

Фејсбук статус на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

 

За која грижа на граѓаните зборуваат Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче?!?? Кој апсурд!2017 година имаа ветување…

Posted by Igor Janushev on Saturday, May 23, 2020

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This