Јанушев: СДСМ за катастрофалниот пораз бара одговорност од Мицкоски, а не се свесни дека народот ги казнува за сите криминали изминатите 5 години

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во вечерашното издание на дебатната емисија “Само вистина” на Канал 5 телевизија гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев кој зборуваше за моменталната политичка ситуација во земјата, резултатите од локалните избори, шверцерското спречување за гласање доверба на Владата, како и во однос на очекувањата за наредниот период и формирање ново парламентарно мнозинство.

Јанушев истакна дека СДСМ во паника и очај бара оставка од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф.д-р Христијан Мицкоски, а истиот човек ги порази катастрофално на локалните избори пред само петнаесетина денови. Ако треба Мицкоски да сноси одговорност, ќе се согласам дека треба, но таа одговорност ќе ја поднесе кога ќе биде реизбран на конгресот на партијата, додаде Јанушев.

“ВМРО-ДПМНЕ оствари одличен резултат освојувајќи над 42 општини низ Република Македонија, а тоа укажува на фактот дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира новата Влада на чело со новиот премиер Христијан Мицкоски. СДСМ наместо да бара одговорност од Мицкоски и од ВМРО-ДПМНЕ, нека погледне во својот двор и нека расчисти со криминалите и корупцијата која што најпрво владее во нивниот табор, а потоа и низ целата држава”, вели Јанушев.

Христијан Мицкоски е човекот кој ја понесе на свој грб големата победа на ВМРО-ДПМНЕ и тоа само по себе говори за сериозноста и упорноста да се бориме за граѓаните и за Република Македонија. Одговорност ќе сносиме, а тоа за нас ќе значи да се бориме за сите потреби на граѓаните и издигање на државата од ова мочуриште во кое Зоран Заев ја фрли изминатите пет години, заврши Јанушев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This