ЈАНУШЕВ: СДСМ ја врати државата во времето после втората светска војна односно во периодот после 1945 година

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во емисијата „Радио Спектар”, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев зборуваше за тоа дека на само неколку месеци пред одржувањето на предвремените парламентарни избори Заев го поставува прашањето за Преспанскиот Договор и неговото наводно укинување каде посочи дека целата ситуација е небулозна истовремено и контадикторна. Имено тој кажа дека до пред месец и половина во рок од две минути по десет пати го споменуваа и го потенцираа новото име, а сега не само што не споменуваат дури и кога објавуваат соопштенија по социјалните медиуми ги користат поимите Македонија, македонско, македонска репрезентација и слично.

– Од друга страна ние најавивме преку нашите обраќања дека Заев и она криминално рекетарска банда ќе се обидуваа на секој начин да направат слика или таканаречено „бабарога“ од ВМРО-ДПМНЕ бидејќи враќањето од 25 години назад можеби е премалку за да се каже што се случува во овие 3 години. Јас би рекол дека ние се вративме во време после втората светска војна односно после 1945 година бидејќи нема апсолутно ништо со кое што СДСМ можат да се пофалат, истакна Јанушев.

Имено тој во своето гостување ја посочи и ситуацијата каде цела Влада се собра и пресекоа црвена лента за реновирана операциона сала.

– Тоа е срамота, а го најавуваа проектот за Клиничка болница кој што само требаше да го продолжат бидејќи претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ го започна. Оваа влада предводена од СДСМ го откажа, го напумпаа за 10 пати повеќе само за да дополнително искрадат бидејќи единствено што прават е да крадат, лажат и манипулираат и на крај пак не успееја иако најавуваа дека ќе го направат. И безсрамно продолжуваат тоа да го прават. Да видиме изјава од човек како Заев кој без ни малку срам бара нов четиригодишен мандат за да се посветел на економијата, после сите фијаска што се случија иако лани овој период најавуваше дека 2019 година ќе биде економска година се претвори во една од најголемите фијаска на економски план целата ова година, додаде Јанушев.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This