На вечерашниот Централен комитет на ВМРО-ДПМНЕ, партискиот лидер Христијан Мицкоски им предложил на членовите свикување на вонреден конгрес, но ваквиот предлог бил одбиен.
Тој предложил вонреден конгрес поради барањата на поранешни членови и функционери за промена на раководството поради лошите изборни резултати, но тоа барање било одбиено од највисокото тело меѓу два конгреси – ЦК.
Притоа, Мицкоски истакна дека досегашниот генерален секретар на партијата Игор Јанушев се повлекува од партиските функции поради лични причини, но како што истакна, ќе продолжи да придонесува и да помага во ВМРО-ДПМНЕ во бOPбата против СДСМ.