ЈАНУШЕВ СО ПОВИК:Граѓаните да излезат на антивладиниот протест и да им порачаат на СДСМ и премиерот Зоран Заев дека е време да заминат во историјата, со цел државата да тргне напред

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашниот дуел на Телевизија 24 ги повика граѓаните заедо со неговата партија утре да излезат на големиот антивладин протест во 20 часот пред Владата на Република Македонија и да им порачаат на СДСМ и премиерот Зоран Заев дека е време да заминат во историјата, со цел државата да тргне напред.

На прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ утре ќе повика на предвремени парламентарни избор, Јанушев не сакаше да дава детали, туку побара да се почека до утре за да се видат ставовите на партијата.

-Имаме половина ден до пред протестот и мислам дека е во ред да се воздржиме и да ги слушнеме пораките на самиот протест, рече Јанушев, додавајќи дека опозицијата кога била ќе ја победи власта на парламентарни избори.

Меѓу другото, тој истакна дека политичката и економската состојба во Македонија во изминатата една година е на едно катастрофално ниво.

Според Јанушев, владата на СДСМ и Зоран Заев во рок од една година успеале да ја задолжат државата за рекордни 5 милијарди евра, без притоа да реализираат некоја капитална инвестиција, ниту да отворат ново работно место или да го подобрат животниот стандард на граѓаните.

Јанушев, кажа дека Светка банка ја рангира Република Македонија како единствена земја која има нула проценти раст, што според него е уште еден показател дека оваа влада и овој економски тим на Заев не знае и не умее да работи, нарекувајќи ги како економско цунами кое мора да се запре.

Во однос на спорот со името со Република Грција, Јанушев рече дека името на државата е Република Македонија, а ставот на ВМРО-ДПМНЕ е конзистентен по однос на ова прашање.

-Опозицијата нема да се согласи со промена на Уставот со цел промена на уставното име, промена на идентитетот и јазикот, вели тој.

Според Јанушев, овој начин на водење на преговорите со Грција од страна на Зоран Заев го доведува во прашање македонскиот идентитет. Во однос на процесот на преговори Јанушев забележа дека тие се далеку од транспарентни и во нив се распродаваат македонските национални интереси.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This