Јапонија наскоро без возила на бензинско гориво

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Јапонија има намера да ги елиминира возилата на бензин во следните 15 години, соопшти денеска владата, планирајќи да достигне нето-нула емисии на јаглерод и да генерира скоро 2 трилиони долари годишно од растот на зелената економија до 2050 година.

„Стратегијата на зелениот раст“, ​​насочена кон индустријата за водород и автомобил, беше замислена како акционен план за исполнување на октомвриското ветување на премиерката Јошихида Суга дека земјата ќе ги елиминира нето-емисиите на јаглерод во средината на овој век, пренесува Ројтерс.

Суга ги постави зелените инвестиции како врвен приоритет во однос на поддршката за закрепнување на економијата погодена од пандемијата Ковид-19 и усогласувањето на Јапонија со амбициозните еколошки цели на Европската унија, Кина и другите економии. .

Владата ќе понуди даночни олеснувања и други модели на финансиска поддршка на компаниите, насочувајќи раст на додадената вредност на економијата и прометот на 90 трилиони јени годишно (870 милијарди американски долари) преку зелени инвестиции до 2030 година и на 190 трилиони јени (1,8 трилиони долари) до 2050 година.

„Зелениот фонд“ од две милијарди јени ќе ги поддржи корпоративните инвестиции во зелените технологии.

Планот предвидува продажба на нови возила на бензински погон за да им се отстапи место на електричните возила, вклучувајќи ги и хибридните и горивните ќелии, до средината на 2030-тите.

За да се забрза растот на продажбата на електрични возила, владата има намера да ги намали цените на батериите за тие автомобили за повеќе од половина, на 10.000 јени или уште помалку на киловат-час до 2030 година.

Неговата цел е да ја зголеми потрошувачката на водород до три милиони тони до 2030 година и на околу 20 милиони тони до 2050 година од нивото од 200 тони од 2017 година, во области како што се производство на електрична енергија и сообраќај.

Стратегијата дефинира 14 индустрии, како што се крајбрежни фарми со ветер и горива базирани на амонијак. Планирано е до 2040 година, морето да се инсталираат фарми со ветерници со капацитет до 45 гигавати (GW).

Употребата на електрична енергија од обновливи извори на енергија во Јапонија, според оваа програма, треба да учествува во вкупната потрошувачка со учество од 50 до 60 проценти до 2050 година, во споредба со сегашната помалку од 20 проценти, истовремено намалувајќи го потпирањето на нуклеарната енергија

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This