„ЈАСЕН“ ГО ВОДИ ЧОВЕК СО ДОСИЕ КАКО ЕНЦИКЛОПЕДИЈА: Братот на Миле Зечевиќ добил безбедносен сертификат за да директорува со „Јасен“, има досие како енциклопедија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новица Зечевиќ, брат на организациониот секретар на СДСМ и бивш директор на ДБК Миле Зечевиќ, е последниот во низата на тешки криминалци кои добија високи функции во Македонската влада, благодарение на кланот Заеви чија примарна дејност е токму криминалот

 

Пред околу два месеци, дипломатскиот кор во Македонија го вклучил црвениот аларм поради изборот на братот на Миле Зечевиќ, Новица Зечевиќ за директор на националниот парк „Јасен“, барајќи од Заев одлуката да биде преиспитана, имајќи во предвид дека се работи за лице со повеќекратни кривични прекршоци меѓу кои и убиство од небрежност, обид за убиство, тешки телесни повреди со инвалидитет итн.

За оваа функција, директор на националниот парк „Јасен“ Новица Зечевиќ добил и безбедносен сертификат од државата, а имајќи предвид дека неговиот брат беше претходник на функцијата во УБК на Сашо Мијалков, јасно е дека премиерот имал прецизни информации за кривичното досие на Новица, но и покрај тоа одлучил да притисне во службите да му издадат ваков сертификат, иако безбедносните структури во земјава во првичното решение го прогласиле Новица Зечевиќ за лице кое не ги исполнува условите за безбедносниот сертификат.

Сертификатот Зечевиќ го добил кон крајот на фебруари 2018 година, и тоа безбедносен сертификат од највисок ранг „државна тајна“. Согласно законот, ваквиот сертификат се добива на барање на институцијата која има потреба од безбедност на информации, а самата процедура трае од шест до девет месеци. Ова е само уште еден доказ дека сите процедури во изборот на Новица Зечевиќ за директор на „Јасен“ се прекршени.

Владината прес служба пак, одбива да даде одговор на ваквите скандалозни наоди, упатувајќи не одговорите да ги бараме од Управниот одбор на „Јасен“ кој тие го именувале непосредно по доаѓањето на власт.

По доаѓањето на СДСМ на власт, веднаш бил именуван Управен одбор на „Јасен“ од 5 члена, кој за директор го избрал Јетон Селими, кадар на Алијансата на Албанците, кој пак си дал оставка откако партијата ја напушти Владата и ги повлече своите функционери. На 16.06.2017 година Владата ги именувала: Марјан Даскаловски, Зоран Наков, Ирена Станковска, Ристо Спасовски и Илми Селами, за членови на Управниот одбор, кои, според ВМРО ДПМНЕ тогаш направиле незаконски и криминален ибор на директор во „Јасен“ поставувајќи го Селими.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This