Јачева-Улчар: Апетитите на Бугарија се зacилија кога се потпиша Преспанскиот Договор

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Проф. Д-р Елка Јачева-Улчар во своето гостување во емисијата „Што не е јасно“ зборуваше за се она што и се случува на Република Македононија поради потпишyвањето на Преспанскиот Догоговор и Договорот со Бугарија.

Според неа и Грција и Бугарија за потпишувањето на овие договори ангажираа експерти, а Република Македонија чекаше сето тоа само онака да заврши.

-Нашата дипломатија цела година молчи и како ништо да не се случува, мислејќи дека ако ние го игоpнираме ова што ни го кажуваат од бугарската страна дека тоа така ќе се заборави. Се покажа дека вакви прашање не се забораваат, исто така што се однесува и до Преспанкиот Договор ние исто така со години чекавме и очекувавме дека проблемот ќе се реши сам одсебе. Грчката страна како што гледаме денес и бугарската страна перманентно работеа во своја полза и зад себе имаат цела армија под стручнаци, каде во грчката страна беа ангажирани околу 60 експерти, а за сметка на тоа ние некако како да чекавме да сетоа тоа онака да заврши, рече Јачева Улчар.

Таа во свосто гостување посочи дека апетитете на Бугарија се зacилија кога се потпиша Преспанскиот Договор и укажа дека со Преспанкиот договор државата се откажа од нашето малцинство и од нашите дијалекти од Егејска Македонија.

-Јас мислам дека апетитие на Бугарија се засилија кога се потпиша Преспанскиот Договор затоа што со Преспанскиот Договор беше променето името, но што се се подменатна под промената на името. Ние со Преспанскиот Договор се откажавме од нашето малцинство, се откажавме од нашите дијалекти од Егејска Македонија, додаде таа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This