Јачева Улчар yдpи по власта: „Не отварам врата за пописот бидејќи сте крајно селективни со мерките, зашто не ме зaштитивте и не ми помогнавте кога ми беше најпотребнo“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Професорката Елка Јачева – Улчар од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ образложи зошто смета дека не треба да се отвори врата на попишувачите во состојба на корона криза. Во нејзиниот дог статус, насловен НЕ ОТВОРАМ, ЗАШТО… вели дека нема да отвори врата затоа што цела година едвај трипати отворила врата на сопствениот син, затоа што за сите празници беа затворени гробиштата, но не и џамиите за муслиманите….

НЕ ОТВОРАМ, ЗАШТО…
– Зашто за цела година одвај трипати сум му отворила врата на родениот син, на родената ми мајка, и на луѓе што ги сакам…
– Зашто цела година ви ги почитувам сите хировити мерки на заштита кои важат само за мнозинскиот етникум во земјава: ги затворивте гробиштата за православните, ама ги отворивте џамиите за муслиманите…
– Зашто сте крајно селективни во мерките: затворавте и притворавте учесници на карневал на отворено, а организиравте испраќање на легендарна пеајачка ѕвезда – пак на отворено…
– Зашто не ме заштитивте и не ми помогнавте кога ми беше најпотребно. И зашто сфатив дека ако сама не се заштитам – нема кој да ме штити. Овој пат – куртуливме – за следен пат – не сум сигурна! И ете така.

На сите мерки, мои и ваши, за заштита, сепак, се разболев. Од сопругот. Тој од позитивен колега. Вирусот без покана ми дојде дома. Не ми помогнавте со ништо. Макар со информација, табла или слично да ме насочите каде, во кој дел од поликлиниката се врши тестирање за ковид. Не ми дадовте информација од колку до колку земате примероци за крвни испитувања. Матичната ми рече во кој и да било дел од денот. Одиме некаде околу 12. Се ландараме по поликлиниката дур да најдеме каде. Реков – нема ништо оболежано како што е тоа по приватните болници и лаборатории. Дур најдовме, – читаме: приемот на крв од ковид-позитивни се врши од 11 до 12 часот. Значи, завршил! (Истиот ден од еден повозрасен пријател разбирам дека утрото во 9 часот на истата поликлиника му рекле: – Од „здрави“ пациенти примаме крв до 9 часот, од 9 почнуваме со позитивни на ковид.) Нам веќе не ни е добро. Се чувствуваме здробено. Ништо, ќе одиме во Авицена. Одиме. Си плаќаме за двајцата комај 9 000 денари (и јас и мажот ми, речиси, 30 години плаќаме во Здравственот фонд, а јас со сите перипетии со дигестивниот тракт последен пат операција во државна болница сум имала во 2011 кога сред ноќ, некаде околу 3. ч. по полноќ, влегов во неосветлено веце од чиј таван капеше вода, а на главата ми слета некоја птичурина која од вецето летна кон ходниците, додека јас ванѓелосана вриштев од страв сѐ додека не дојде главната сестра да ме укори дека сум хистерична, невоспитана и „џабе ти е титулата кога си проста“…
Следниот зафат на стомакот ми беше во ноември 2016 година. Во приватна болница. Кредитот за таа операција го исплативме со Игор пред некој месец. Уште и среќни сме што можеме, макар, и на кредит да се лекуваме. Многу од моите роднини и пријатели ја немаат таа „привилегија”. ).

Оттука продолжуваме во Воена болница за да направиме рендген на белите дробови. Таму наидуваме на жена што крика за помош со зборовите – готова сум, ќе умрам… ве молам… прегледајте ме… додека едно нажежено младо сестриче со тресок И го затвора шалтерот на кутрата жена со зборовите: – Оди си кај матичната или на Инфективна у Државна… Нас нЕ испраќа по некој ходник. Стасуваме во ходникот. Многу добро ми е познат. Пред три години во истиов ходник ме касна змија – татко ти има, рак… – ми рече мајка ми смушено излегувајќи од просторијата во која татко ми беше подложен на првото снимање во низата… Седнувам на клупата и почнувам да чувствувам како снеможувам. Одвај чекам да се снимам и да избегам што подалеку, ама не… нашето чекање во овој сув и суров, нем ходник трае… и трае… и трае… цели 60 минути… се појавува млада девојка… – извинете што почекавте – вели… не можев да најдам заштитна опрема… не сум вработена, па мора да се снаоѓам… – вели… – седнете, – вели – ете, така… – не, не, не така… таблава мора вие да ја држите со грбот… немаме статив… скршен е… Јас немам сила ништо да кажам. Само ми се плаче. Многу ми се плаче. За сЕ. За сЕ уништено… за сЕ распродадено: и здравство, и образование, и институти и институциии… и патишта, и градинки, и училишта… и канти за ѓубре, и валкани паркови, уништени национални паркови, реки и езера… за сЕ…

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This