ЈА ЗАЌУТЕА ЦАРОВСКА ПА СЕГА ПОВТОРНО СЕ ЗА КОНСЕНЗУАЛЕН КАНДИДАТ: Според Груби, за ДУИ најдобро решение е консензуален кандидат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Наредниве денови ќе има нова средба меѓу Зоран Заев и Али Ахмети на која ќе се договора консензуалниот кандидат за претседател. Средба имало и минатата недела, но за конкретни имиња не се разговарало.

-Тоа е најдобро решение за граѓаните на Македонија да имаме еден кандидат кој ќе биде прифатен од сите граѓани, без разлика на етничката и верската припадност, рече Груби.

Груби кажа дека односите во владеачката коалиција не биле нрушени во ниту еден момент.

-Посебно односите Заев – Ахмети се одлични, секојдневно се води дијалог и во ниту еден момент односите не беа нарушени,заеднички донесовме многу одлуки и тоа е одлика на дијалогот меѓу Заев и Ахмети, кажа Груби.

По обелоденувањето на скандалот во Пензискиот фонд, членови на ДУИ упатија критики кон министерката за труд и социјална политика Мила Царовска дека неосновано ги обвинила ДУИ за злоупотреба на државните фондови. По ваквите реакции, Централното претседателство на ДУИ одржа и седница на која донесе одлука да настапат и со свој кандидат за претседател на изборите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This