ЈА ПРОДАДОА МАКЕДОНИЈА ЗА ЕДНА ПЛАТА: Ќерката на пратеничката Александрова зема плата од Фонд за иновации, а мајка ѝ тврдеше дека била волонтерка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сара Александрова, ќерката на пратеничката Емилија Александрова веќе шест месеци зема плата од Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), а мајка и тврдеше дека таа таму е волонтерка, објави „А1ОН“.

Сара Александрова за шест месеци добила добила 150 илјади денари, односно имала по 25 илјади денари месечна плата. Од ФИТР за „А1ОН“ објаснуваат дека до крајот на јуни ќерката на пратеничката била ангажирана на практична работа без надомест, а од 1 јули била ангажирана со договор на дело.

Лицето Сара Александрова е ангажирана за потребите на Фондот како техничка поддршка во делот на човечките ресурси. Техничката поддршка како задача е во согласност со видот и степенот на стекнатото образование на ова лице, како и нивото на стекнатото работно искуство велат од Фондот за иновации за „А1он“.

Претходно медиумите објавија дека Сара Александрова, ќерка на одметнатата пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ Емилија Александрова, од февруари е вработена во Фондот.

Колегите зборуваат дека ова е награда затоа што Александрова гласаше за уставните измени. Сара нема никакво работно искуство и ова ѝ е прво вработување, а има само 23-24 години.

Откако беше објавена веста дека нејзината ќерка работи во ФИТР, Александрова ги обвини медиумите дека лошо се однесуваат со семејствата на јавните личности, не сакајќи да го коментира вработувањето на ќерка си Сара.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This