Јовановска: Hajcтрашниот период од Koвид-kpизата помина, очекувам намалување на невpaботеноcта

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Мислам дека оној најстрашен и најлош период од ковид-кризата го надминавме и очекувам извесен период да имаме една стабилност и намалување на невработеноста, вели директорката на Агенцијата за вработување Билјана Јовановска во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

-Од приливот на невработени лица, околу 12 илјади, односно 11.734 лица, дојдоа на евиденција, а за истите е регистриран престанок на работен однос, односно одјава од задолжително социјално осигурување во периодот после 11 март 2020 година, или од почетокот на ковид-кризата. Бројките ги објавивме на оние кои ги поставија прашањата, поединечно ги објавивме и за јуни и за јули, бидејќи предмет на интерес ни се овие лица кои во време на ковид-кризата останаа без работа, го изгубија своето работно место. Токму за нив се наменија и финансиски средства во делот на паричен надомест согласно уредбата – вели Јовановска.

Таа посочува дека, според основот на престанок на работен однос, најголемиот процент на невработени лица од околу 48 отсто е поради истек на договорот за определено време.

-Спогодбениот престанок на работниот однос е втор по ред со околу 24 проценти, а потоа следуваа отказите од страна на работник и од страна на работодавач. Би сакала да искоментирам дека доколку тој договор би бил на неопределено работно време можеби работодавачите немало да ги отпуштат имајќи ги предвид низата мерки и пакети коишто ги донесе владата, но со самиот истек на определено време можеби само чекаа одреден период за да подоцна им го продолжат работниот однос. Оние лица коишто останаа без работа добија паричен надомест, дел од нив врз основа на Законот за вработување и осигурување, а дел од нив го добија врз основа на уредбата којашто ја донесе владата во време на пандемијата – објаснува Јовановска.

Според неа, најголем дел од приливот на невработените лица се од производствената дејност.

-Во суштина, во делот на производствена дејност се и најголемите движења на пазарот на труд. Ако ги видиме и слободните работни места, токму во производствената дејност се најмногу огласени работни места, а ако ги видиме анализите во делот на активните мерки и политики според претежна дејност, во делот на производството имаме и најмногу апликации од страна на работодавачите за вработување со поддршка во делот на субвенционирање на плати, набавка на опрема, практикантството и слично – истакна Јовановска.

Таа додава дека во моментов почнуваат обуките за побарувани занимања, каде што ќе бидат вклучени над 500 лица.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This