ЈОВАНОВСКИ: Го имитиpaме Груевски?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Советникот на поранешниот министер за финансии, Бранимир Јовановиќ, на Фејсбук, ја kpитикуваше мерката на Владата за cyбвенционирање на растот на платите, односно државата да ги плаќа придонесите за делот колку што ќе биде зголемена платата, има смисла само ако се исполнети одредени услови.

Поранешниот советник на Драган Тевдовски смета дека ова субвенционирање би имало логика само ако се исполнат одредени услови.

– Мерката за субвенционирање на растот на платите има смисла само ако: 1. Се однесува на плати пониски од одредено ниво, на пример, плати пониски од средната плата (зошто државата да субвенционира ако некој менаџер со плата од неколку илјади евра си ја зголеми платата?); 2. Се однесува на фирми што немаат висока профитабилност (зошто државата да субвенционира плати на некоја банка која остварува профити од десетици милиони евра?); 3. Фирмите се обврзани да не ги намалуваат платите и по завршувањето на субвенцијата (без тоа, платите ќе паднат веднаш по истекот на субвенцијата, и ништо не се постигнало); 4. Е последица на значајно зголемување на минималната плата (без тоа, се сведува на ослободување на фирмите од даноци, како што правеше Груевски). И, не, мерката нема да чини 40 милиони евра. Мерката ќе чини 120 милиони евра, зашто ќе трае 3 години. Стварно сме многу богати штом можеме да си дозволиме да дадеме 120 милиони евра на вакво нешто… – додава Јовановиќ.

Мерката за субвенционирање на растот на платите има смисла само ако: 1. Се однесува на плати пониски од одредено…

Posted by Branimir Jovanovic on Tuesday, September 3, 2019

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This