ЈОВЕВСКИ ВО ОДБPAHA НА ЗАЕВ: Демантиpa дека Заев уpгиpaл кај него

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Државниот обвинител, Љубомир Јовески, и обвинителот во јавното обвинителство за гонење организиран криминал, Наум Пановски, велат дека тврдењата на италијанскиот весник Ла Верита за случајот со Меѓународниот сојуз на Боки 13 се „чиста шпекулација“.

„Наводите во текстот не се точни и од фактографски и од аспект на севкупното постапување на институциите во овој случај. На пример, обвинителката Вилма Русковска во тоа време воопшто не беше шеф на обвинителството за гонење организиран криминал за некој преку неа да се обиде да влијае во случајот“, вели за „360 Степени“ обвинителот Наум Пановски.

Весникот Ла Верита објави текст под наслов „Искри помеѓу Париз и Берлин поради Скопје. Канцеларката пробува да го спаси Заев.“, а во поднасловот дополнува: Со стоп на членството во ЕУ, македонскиот премиер е во проблеми. Нова истрага за корупција.
Премиерот Зоран Заев барал од обвинителката Вилма Русковска да се одблокираат 750-те илјади евра од Силјан Мицевски, пишува весникот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This