ЈОВЕВСКИ ГО ПРЕДИЗВИКА БОКИ 13-КА: За заканите да каже во судница

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Републичкиот обвинител, Љубомир Јовески, уште еднаш му порача на првообвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски, за заканите да каже во судница, на некои од наредните закажани судења. Јовески нема да го повика Боки 13 во обвинителството, како што му бараше обвинетиот преку писмо. Шефот на обвинителството се оградува од сослушување, бидејќи предметот „Рекет“ е во судска постапка и препознава мешање во судењето ако Боки 13 на него му ги каже доверливите информации за кои говореше на претходното судење за „Рекет“.

„Процесот е во фаза на судење и секој обвинет којшто има определени сознанија и докази кои можат да му користат и на одбраната, во овој момент најдобро и најрелевантно е да ги изнесе во судницата. Според тоа, овој момент кога предметот се наоѓа во фаза на судење не е добро јавниот обвинител да остварува средба со лицето кон кое обвинителниот акт е на сила и тече процесот на судење, тоа би значело дека јавниот обвинител би се мешал во постапката во која се утврдуваат одредени факти и околности во делот на кривичнагта одговорност на обвинетите. Овие работи треба да се движат во рамките на законот и во рамките на институциите“, изјави за Алсат, шефот на обвинителството, Љубомир Јовески.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This