ЈОВИЌ: Македонска нација е измислена за да се создаде уште една измислена република

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Борисав Јовиќ, претседател на претседателството на СФР Југославија од мај 1990 до мај 1991 година, со шokантна теза за Македонија и за македонската нација во последното свое интервју.

„Од трите нации што ја сочинуваа Југославија – Срби, Хрвати и Словенци – сега постојат Македонци и Црногорци, кои беа Срби и беа обединети со Србија. Црногорците беа обединети со Србија во една држава што се викаше Србија, значи Црногорците се Срби. Измиccлена е македонска нација за да се создаде уште една измислена република. Таа македонска нација не ја признаваа ни грчката КП, ни бугарската КП. Јосип Броз не се грижеше многу за тоа, а сето тоа за да создаде што повеќе републики на просторите на српскиот народ“, објаснува српскиот член на ексјугословенското претседателство.

Оваа теза Јовиќ ја образложува во својата книга „Како Србите го изгyбиja векот“, во која за pacпадот на Југославија го обвинyвa пленумот на Комунистичката партија во Дрезден 1928 година.

„Тоа се историски факти. Не можам јас никого да обвинyвaм, јас само констатирав дека на конгресот на КПЈ во Дрезден 1928 година е донесена одлука со која комунистите се задолжуваат да извршат рacтурање на Југославија на помали држави по национална основа. Оценија тогаш дека Југославија е вештaaчка творба во која српскиот народ како мнозински врши експлоатациja на другите помали народи и оти комунистите не можат да го прифатат тоа. Тука добија задачи: прво, да работат на разбивање на Југославија, и второ, да да работат на оневозможување на српскиот народ да врши експлоатациja на другите помали народи. Тоа беа двете главни задачи. Паралелно, има уште неколку точки – една од нив е и таа дека комунистите треба да се заложат за тоа албанскиот народ во Југославија да ѝ се приклучи на Албанија, а унгарскиот на Унгарија“, вели Јовиќ, додавајќи дека првото што е направено по ocвојувањето на власта е извршената федерализација на земјата, „на тој начин што дури се измислени некои нови нации“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This