Јордан Камчев: Предизвиците да ги надминуваме солидарно, ова искуство не направи посилни

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Многу надежи за подобра година, многу посакувања, како никогаш досега очекувања да е подобра од претходната. Во 2021 година влегуваме сите со заедничка желба – овој здравствен предизвик да заврши. Пандемијата ги помести нашите очекувања, нашите приоритети се други, сите други желби имаат помала вредност. 2020 има лош знак, иако можеби за многумина беше и успешна. Успех е и да се зачува здравјето, да се помогне некому, добра работа е да се предизвика нечија насмевка. Такви луѓе има многу. Во деновите пред и по стартот на новата година Фактор објавува новогодишни изјави од медицински експерти, стопанственици, банкари, политичари – сите зборуваат за нивните очекувања во следната година.

Јордан Камчев е претседател на Одборот на директори на „Аџибадем Систина“. Во годината која изминува оваа клиничка болница се докажа како клучна алка во домашниот здравствен систем.

Камчев се согласува дека 2020 на секое поле можеби беше една од најпредизвикувачките години кои досега сме ги живееле. Вели дека лесно се справуваме со работите кои се познати и со кои сме соочиле претходно, но дека сега сите се судривме со една сосема нова и непозната ситуација во која брзата, вистинска и прецизна реакција беше клучна и значеше многу. А „Аџибадем Систина“ несебично се вложи и придонесе многу.

Камчев вели дека оваа година не направи скромни во очекувањата. Посакува следната постепено да се вратиме во нормалниот начин на живот.

„Како претпиремач и сопственик на сериозни компании се обидов единствено така и да реагирам. На самиот почеток, веднаш се подготвивме и излеговме во пресрет на граѓаните и државата. Веќе на 22 март ги отстапивме капацитетите на Hotelot Ibis Style и Ibis Skopje Citz Center, кои беа први приватни објекти кои ги отворија вратите како центри за изолација. За нив обезбедивме удобни услови за престој во соби опремени со телевизија, интернет, 24 часовна медицинска грижа од обучен персонал, медицинска заштитна опрема, услови за кои издвоивме донација од речиси 200.000 евра.

Во „Аџибадем Систина“, од самиот старт целосно го прилагодивме работењето и воведовме посебни протоколи и стандарди на безбедност при работењето во време на пандемија, со што обезбедивме максимална заштита за нашите пациенти и вработени. Меѓу првите започнавме со тестирање на населението со цел да ги помогнеме државните капацитети и да придонесеме за побрз скрининг на населението. Тактика која се покажа како правилна, а кон која се насочија и многу други земји во светот.

Во време на целосна економска неизвесност, отворивме нова педијатриска болница. Распространета на површина од 4.000 квадратни метри, таа содржи и педијатриски ургентен центар, педијатриска кардиохирургија со интензивна нега и интервентна педијатриска кардиологија, дневна болница, Центар за рано откривање и третман на деца со сите форми на развојно доцнење. Во болницата се вклучени 210 врвни професионалци.
Продолживме да инвестираме во најсовремена опрема. Оваа година инвестиравме близу 10 милиони евра во најновите достигнувања во дијагностичка опрема.

Оваа година стартуваме и со пионерски проект во државата. Благодарение на соработката помеѓу Аџибадем Систина и УГД Штип, преку академска пракса во нашата болница ќе се опфатат 100 студенти од VI година на Факултетот за медицински науки при УГД Штип. Тоа значи дека 90 отсто од идните, потенцијални доктори, моментално студенти на овој факултет, ќе ја добијат својата пракса токму во „Аџибадем Систина“.

Отворивме и инфективен оддел на кој со врвен тим на инфектолози и останат медицински персонал понудивме најсовремени методи при грижата за пациенти заразени со вирусот. Технологијата и опремата заедно со практиките кои се применуваа единствено во „Аџибадем Систина“ како што е ЕКМО методата или методот на хемофилтрација придонесоа за позитивен исход и најголем број на успешно излекувани пациенти.

„Аџибадем Систина“, ја потврди својата позиција на најголем приватен медицински провајдер во регионот, вработувајќи над 1100 вработени, со бруто просечна плата од 1.500 евра, врвен медицински тим и најсовремена опрема.

Во оваа непредвидлива година, за мене не помал предизвик претставуваше континуираното одржување на успешното работење на сите компании кои се дел од Групацијата на Холдингот, навремено исплаќање на плати на сите вработени и нашиот врвен приоритет, никој од нашите, повеќе од 2.300 вработени кои ги имаме да не го загуби работното место.

На крајот на годината можам да кажам дека и во услови на сериозна здравствена и економска криза ние успеавме да ја потврдиме посветеноста кон нашите вработени, стабилноста, успешноста и професионалноста со кои „Орка Холдинг“ се одликува повеќе од 30 години.

Не помал успех е што и оваа година, како и во изминатите 30, покажавме дека сме еден од најголемите работодавачи и една од фирмите кои даваат најголем придонес за целокупната економија преку нашите исплати по основ на различни даноци и придонеси. Групацијата на Орка Холдинг има 2363 вработени, а во буџетот на државата по основ на даноци и придонеси оваа година ќе исплати 12.850.000 милиони евра. По основ на плати за вработени оваа година сме исплатиле бруто вредност од 28.400.000 милиони евра. Бруто исплатена просечна плата изнесуваше 950 евра што не сместува во групата не само на најголемите, туку и најатрактивните работодавачи на пазарот.

Последиците и ефектите од ковид кризата секаде во светот, на секое поле ќе се чувствуваат и во следните години. Дури и многу силни компании, дел од јаки економии долго ќе ги пребродуваат овие ефекти. Среќен сум и горд, што со еден ваков голем предизвик кој се уште трае ние засега успеваме да се справиме навистина добро и да го контролираме процесот на раководење во вакви исклучително тешки услови.

Во однос на целите за следната година, во „Аџибадем Систина“ фокусот и приоритетот останува ист, обезбедување врвна грижа за пациентите, следење на најновите медицински практики и бројни среќни успешно завршени приказни. За компаниите, дел од Орка Холдинг фокусот во текот на следнава година, ќе биде одржување на стабилност и обезбедување на континуитет во работењето , а со тоа и континуитет во нашиот главен приоритет, грижата за вработените.

Оваа година ни покажа дека само заеднички со солидарност и емпатично делување можеме да ги пребродиме ваквите предизвици. Сакам да им се заблагодарам за пожртвуваноста и истрајноста на моите вработени, како доктори така и сите други врвни лица кои се дел од системот, за нивната истрајност и подготвеност максимално и безрезервно да понудат и обезбедат помош секаде каде што можеше и беше потребно.

Оваа година не научи да бидеме и скромни во желбите, па во новата година, посакувам полека да почнеме да се враќаме на старата добра реалност, а она кое останува зад нас да ни биде само уште едно големо животно искуство кое не направило посилни, вели Камчев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This