ЈО не понуди нов доказ во „Тортypa“: Останува cyдот да констатира дека нема основа за ocyдителна пpecуда

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дополнителните 20 дена кои ги доби Јавниот обвинител не ги искористи за да изведе некаков нов аргумент со кој ќе го убеди судот во вината на обвинетите во предметот „Тортура”.

Наместо да постапи по насоките на судијата Александра Ристовска и со некаков доказ да му појасни на судот кој обвинет кое дејствие го презел, обвинителот Љубомир Лапе го искористи денешното рочиште за нови вербални гимнастики и целосно нерелевантни образложенија на „кинеското мачење капка по капка”.

Наместо да му понуди на судот доказ за причинско-последичните односи со кои би ги поврзал преземените дејствија и наводната последица, обвинителот денес ја игнорираше насоката добиена од судот, кој бараше нови и прецизни аргументи и призна дека сè што имал во предметот веќе го приложил, без разлика што тоа не беше доволно судот да донесе пресуда на 17 јуни.

Имено, пред три недели кога јавноста очекуваше судот да донесе пресуда после завршните зборови на одбраната, судијата Ристовска одлучи да му даде уште една шанса на обвинителството. Образложението беше дека во текот на целиот процес не успеале неспорно да го убедат судот во вината на обвинетите за да може да се донесе пресуда.

– Од сите изведени докази на главната расправа за судот неспорно е дека се случил одреден настан, но во целост не е јасно кој од обвинетите кое дејствие на извршување го презел, или каков е тој битен придонес кон извршување на делото имајќи ја предвид правната квалификација на законското битие на кривичното дело кое им се става на товар на обвинетите како соизвршители. Ова дотолку повеќе што обвинението е конципирано на начин што дава еднаква правна квалификација за сите сообвинети така што ги товари дека сите презеле исти дејствија на извршување, па за судот остана нејасно кој од обвинетите кое дејствие и со колкав интензитет и обем го презема. Исто така, нејасен е каузалитетот меѓу преземените дејствија и настаната последица односно кое дејствие е каузално кон извршување на кривичното дело и настапување на последицицата – рече Ристеска на 17 јуни.

Според судијката, постоела фактичка пречка за донесување на мериторна одлука од страна и затоа таа реши главната расправа да се преотвори и да се разјаснат фактичките прашања согласно ставот 1 од членот 397 во Законот за кривична постапка (ЗКП) кој предвидува дека пресуда се изрекува доколку судот не гледа причина повторно да се отвори главната расправа за да ја дополни постапката или да се разјаснат одделни прашања.

Професорот на Правниот факултет Гордан Калајџиев тогаш коментираше дека „ако не е убеден во вината, судот треба да донесе ослободителна пресуда”.

Адвокатите на обвинетите денеска реагираа дека наместо да поднесе нови докази, од обвинителот слушнале само негово мислење.

Според адвокатот Миле Петровски, јавниот обвинител на денешното рочиште не презел ништо во врска со предлагање нови докази или измена и допрецизирање на обвинението, и побара од судот да дозволи да го видат записникот, за да може, како што рече, да дадат поопстојно мислење.

Бранителот Петар Василев посочи дека иако денешното рочиште требаше да биде дополнение на постапка, не слушнавме ниту еден нов доказ, ниту нешто ново во однос на околностите кои се релевантни на овој предмет, и дека слушнавме само мислење на обвинителот, кој според Василевски, повторно без поткрепа од докази ја повтори својата теорија на случај.

Според Василев, обвинителот се обидел, осврнувајќи се на праксата на Европскиот суд и под превезот на Европската конвенција да претстави пред јавноста дека и за многу помали работи предмети добиле исказ.

-Во оваа прилика, морам да напоменам дека случаите што ги споменува почитуваниот колега се во согласност со условите за поведување постапка пред ЕСПЧ, затоа тие апликации биле разгледувани и одлучени.
Во конкретниот случај не се исполнети условите таква апликација да се поднесе бидејќи неспорно се утврди дека оштетениот во домашното правосудство и во домашната постапка не повел ништо во овој правец, во правец на тортура. Напротив, не дал забелешка на чинот кој е предмет на оваа постапка, а бил и во присуство на бранител и самиот бил поранешен министер за внатрешни работи. Европскиот суд бара, за апликацијата да биде основана да бидат исцрпни сите правни лекови и постапки во судовите во државната од каде потекнува, за подоцна да се поднесе апликација пред Европскиот суд – изјави Василев.

Одбраната за шест дена ќе се произнесе за денешните наоди, а на судот му останува само да констатира дека обвинителството не понудило ништо ново со кое што ќе го убеди во вината на обвинетите.

Преземено од Плусинфо

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This