ЈУВЕНТУС И ПСЖ ПРЕГОВАРААТ: Pазмена за Емре Џан и Паредес

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Јувентус и Пари Сен Жермен подготвуваат размена на фудбалери преку јануарскиот преоден рок. „Тутоспорт“ откри дека „бјанконерите“ се подготвени да го пуштат Емре Џан во Париз и да го доведат Леандро Паредес во спротивна насока. И двајцата играчи се согласиле на договорот.

Јуве има пpoблeми во средниот ред од почетокот на сезоната, главно поради пoвpeдитe на Сами Кедира, Арон Рамзи и Блеиз Матуиди. И покрај неговиот ограничен избор, Маурисио Сари воопшто не се потпира на Џан, оставајќи го надвор од составот на Лигата на шампионите. Самиот фудбалер не го криеше незадоволството од овој факт и го искажа јавно.

Паредес може да биде добро решение за гигантот од Торино. Тој има искуство во Серија „А“ од својот период во Рома, а потоа играше многу силно со тимот на Зенит пред да се пресели во ПСЖ. Аргентинецот е одобрен од спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи.

Што се однесува до Емре Џан, трансферот во францускиот хегемон би бил одличен излез од ситуацијата за него. За Германецот се заинтересирани и Борусија Дортмунд и Фиорентина, но неговата желба е да им се придружи на Нејмар и компанија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This