Јужноафрикански вид пoтвpдeн вo Косово: Hayчницитe ce зaгpижeни бидejќи имa 3 myтaции

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Јужноафрикански вид коронавирус е една од мутациите на вирусот САРС-КоВ-2, е откриен кај пациент во Приштина.

Откако се појави тој предизвика голема загриженост кај епидемиолозите од СЗО.

Откриено е во Јужна Африка, во Источниот Кејп во октомври 2020 година. Оваа варијанта на вирусот корона се смета дека се појавила веќе во јули или август 2020 година, но била откриена неколку месеци подоцна.

Вирусот, кој според класификацијата на СЗО го доби името Бета-вирус, е присутен во 96 земји во светот, а меѓу другите, тој е регистриран во Словенија и Хрватска.

Според досега достапните податоци, јужноафриканската варијанта на вирусот САРС-КоВ-2 е најризична за постарите лица.

Она што ги загрижува научниците е стравот дека видот Бета може полесно да се шири. Имено, оваа варијанта има 3 мутации во посочената област на геномот, што го олеснува неговото поврзување со човечките клетки.

Научниците се загрижени и затоа што не знаат дали постојните вакцини против вирусот корона ќе бидат ефективни како британскиот или алфа сојот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This