Поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Љубчо Георгиевски ќе добие чест една улица во Дојран да биде именувана според него. Станува збор за предлог на претседавачот, на советот на општина Дојран, Ристе Џинов.
Според Џинов со именување на улица во Дојран ќе се одбележи придонесот на Георгиевски во ревитализација на Дојранското езеро преку проектот кој беше реализиран во 90-тите години кога се подигно нивото на водата.
Исто така под водство на Георгиевски како премиер се направи градежен зафат за обвнова на шеталиштето во Дојран, па на овој начин Советот на општината сака да му се оддолжи.