ЌЕРКА МИ НЕ Е ВИНОВНА ШТО Е НАЈДОБРА: Наместо да се извини, Димитров се згрозил од јавноста и од новинарите!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Наместо да се извини Никола Димитров ги обвини новинарите и јавност поради фактот што неговата ќерка добила државна стипендија од 40 илјади долари за студирање во Холандија

Тој не и се извини на јавноста туку на својата ќерка поради наводните горзни пораки кои ги добила и не штедеше зборови за да ја испофали, а со други зборови вели дека таа не е крива што е најдобра. Димитров не заборави да го искористи и ова јавно обраќање за да ја спомене наводната историска одлука за референдумот за промена на името и додаде дека е згрозен што неговото семејство било вовлечено во политички мотивирани обвиненија.

Пред се’, сакам јавно да и’ се извинам на ќерка ми, за грозните пораки што ги добила и за јавното изложување што го предизвикала единствено затоа што е одговорна и способна. Затоа што успеа да се запише на еден од најдобрите универзитети во светот. Гордост моја! Ударите за мојот политички ангажман упатете ги кон мене.
СИТЕ студенти кои 1) се запишале на еден од првите 100 универзитети рангирани на Шангајската листа 2) во област наведена во повикот, БЕЗ СЕЛЕКЦИЈА, БЕЗ ИСКЛУЧОК, добиле стипендија. Програмата е воведена од претходната влада. Во 2017, немало ниту доволно кандидати. Со други зборови, НИКОЈ не одлучувал дали ќерка ми или некој друг кандидат ќе добие стипендија. Сите кои ги исполниле условите добиле стипендија. Јавно повикувам да се објават имињата на сите студенти кои добиле ваква стипендија во изминатите години, од воведувањето на програмата.
Згрозен сум од вовлекувањето на моето семејство со очигледни политички мотиви во време кога не’ чека историска одлука.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This