ЌЕ БИДАТ ЛИ ОВИЕ ПОСЛЕДНИТЕ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ: Избор на претседател во Собранието – најави и подготовки?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Порано немаше поддршка од странство, но сега е оправдано да се избира претседател во Парламентот. По најавите од премиерот Заев и од министерката Дескоска дека во случај ако нема цензус на претстојните претседателски избори би можело преку уставни измени да се обезбеди претседателот да го изгласаат пратениците, со своја порака се јави лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Потсетувајќи дека изворно тоа е нивна идеја, Ахмети индиректно најавува дека ако не сега, веќе следниот претседател нема да го добиеме преку директна демократија, туку со подигнати раце во Законодавниот дом.

-Ние оваа тема ја потегнавме пред 10 години. Тогаш немавме поддршка од нашите меѓународни пријатели, но сега изгледа дека е оправдано да се мисли на такво нешто. Претседателот може да се избира и во Собранието, и мислам дека е тоа оправдано, рече Ахмети во синоќешното интервју за локална телевизија.

Оваа идеја е прифатлива и за албанската опозициска БЕСА, од каде меѓутоа велат дека во предвид доаѓа дури за следниот циклус избори, додека за сегашните нема дилеми, претседателот оваа година мора да го добиеме на регуларни, демократски и чисти избори. Од друга страна најголемата опозициска партија е фокусирана само на едно, победа на Сиљановска-Давкова и, како што велат, демонтирање на режимот на Зоран Заев.

Инаку, на сите досегашни претседателски избори цензусот не бил доведен во прашање и шефот на државата бил избран во рамки на пропишаните услови. И Киро Глигоров и Борис Трајковски и Бранко Црвенковски и Ѓорѓе Иванов, без разлика на негодувањата од поразениот противник дека победиле нерегуларно, без избрани со мнозинството од оние над неопходни проценти на гласачи кои излегоа на изборите во 1994, 1999, 2004, 2009 и 2014 година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This