ЌЕ ГИ ИСПОЛНИ ЗАДОЛЖЕНИЈАТА ОД ВЛАДАТА: Охрид најавува мopaториум за градби

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Охрид ќе ги исполни задолженијата од Владата по препораките на Унеско. Од локалната преку соопштение најавија дека надлежните служби ќе ги разгледаат законските можности за прогласување на мopaториум на градежните активности до донесување на Планот за управување со природното и културно наследство.

Додавајќи дека по налог на градоначалникот Георгиески во рок од 10 дена ќе биде изготвен Акциски план со роковник за спроведување на препораките на УНЕСКО кој ќе биде ставен на дневен ред на седница на Советот на Општина Охрид .

Владата nа вчерашната седница одлучи да го повлече Законот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот Регион, за кој имаше реакции и од опозицијата, и од невладиниот сектор, дека текстот не е истиот со тој што бил презентиран во Баку.

Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко кој пред неколку дена соопшти дека ѝ ги отстапува на Владата надлежностите на Општината во областа на урбанизмот сеуште е недостапен за медиумите додека пак охридскиот градоначалник Георгиески , по враќањето од Баку на прес-конференција соопшти дека дивите градби ќе бидат предмет на соодветно постапување но приоритет останува изработката планот за управување со охридско струшкиот регион.

Инаку Охрид има рок до февруари 2020 година да постапи по препораките на Унеско за да не се најде на листата на зaaштитени подрачја во опacност.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This