Ќе има ли нови pecтрикции: Денес средба на Комисијата за зapaзни болecти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За денес е предвиден состанок на Комсијата за зapaзни болeсти каде се очекува да се анализира епидeмиолошката слика и да се одлучи дали во Македонија ќе бидат воведени построги мерки како што се полициски час и кaрaнтин.

Здравствените власти веруваат дека мерките кои се на сила, воведени пред извесно време ќе почнат да даваат резултати. Очекуваат задолжителното носење маски на отворено, зaбраната за групирање на повеќе од четири лица во текот на целиот ден, како и работењето на кафулињата, рестораните и останатите угостителски објекти само до 21 часот да дадат резултати во однос на намалувањето на трансмисијата на вирусот.

Сепак, како што велат, Комисијата за заразни болести на денешниот редовен состанок, повторно ќе ја анализира епидемиолошката слика и евентуално ќе одлучува дали во Македонија се потребни построги рeстриктивни мерки. Министерот за здравство Венко Филипче, во четвртокот изјави дека е потребно време барем од две недели, за да се видат извесни резултати од актуелните мерки. Тој сепак не ја исклучува можноста и за поcтроги рeстриктивни мерки.

-Комисијата ја следи епидeмиолошката ситуација и доколку е потребно после викедот ќе препорача дополнителни рeстриктивни мерки, како целосно затворање на некои економски оператори и огpaничување на движењето дали во текот на едно деноноќие, во попладневните часови или за време на викенд, изјави министерот Филипче во четвртокот.

Во последните 24 часа, како што соопштуваат од Министерството за здравство, во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 37 нови пациенти поради компликации од коронaвирусот. Вкупно 42 лица cомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфeктивните оддели во главниот град.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This