(Видео) ЌЕ ИМА ЛИ ОДГОВОРНОСТ?: Короната од Скопје Заев и СДСМ вчера ја испратија да прошета низ цела Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ќе има одговорност за неспособноста во справување со кризата, рече Игор Јанушев, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ во своето видео обраќање на фејсбук

Денешната бројка од 180 новозаразени од корона вирусот уште еднаш докажа дека СДСМ и Филипче се целосно изгубени во справувањето со пандемијата, обвинува тој.

Додека на светско ниво бројот на заболени опаѓа во државата расте со брзина на светлината и достигнува рекорден број на заболени.
Короната од Скопје Заев и СДСМ вчера ја испратија да прошета низ цела Македонија. Институциите единствено што прават е што бројат ново заболени.

Јавно ги прашуваме Заев и Филипче до кога вака? Каде е сега аплаузот? И денеска ли ќе ја убедувате македонската јавност дека се е под контрола. Уште колку треба да чекаме да признаете дека згрешивте и тоа многу.

Колку луѓе ќе носите на душа поради вашата неорганизираност, непрофесионалнсот и неспособност. За да биде иронијата уште поголема за 10 дена од денес сакате да влеземе во предизоборна кампања.

Има ли крај оваа голгота во која не втурнавте. СДСМ ќе одговара за својата неспособност, целиот криминал и сиромаштијата која му ја приредија на овој народ.

СДСМ и Заев никогаш повеќе.

Додека на светско ниво бројот на заболени опаѓа, кај нас расте со брзина на светлината и достигнува рекорден број на…

Posted by Igor Janushev on Friday, June 5, 2020

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This