Ќе има ли тpaмпа на министерства помеѓу CДCM и Д У И пред локалните избори?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Можни ли се кадровски промени, или „трампа“ на министерства пред локалните избори?

„Во кулоарите на партиите на власта продолжуваат да кружат гласини за реформатирање на Владата, односно за менување на неколку министри, кои не постигнале резултати.“ – пишува денес информативната агенција на албански јазик ИНА.

„Оваа тема е лансирана и се третира од домашните медиуми, повикувајќи се на партиски извори. Претходно ТВ 21 објави дека може да има реконструкција на Владата, вклучувајќи и рокади на министерски ресори меѓу СДСМ, ДУИ и другите партнери во коалицијата“ – истакнува ИНА, нагласувајќи: „Од Владата денес нагласуваат дека не станува збор за реконструкција во владиниот кабинет. Премиерот Заев нагласи дека Владата е формирана само осум месеци претходно и работата на членовите на Влаата се уште бне е во фаза кога може да се реконструира, ако се констатира дека постои потреба за кадровски промени, или не.“.

Во информацијата на ИНА се цитира ставот на Заев дека „Тоа не е потребно“ и оти „Извршната власт е избрана од Парламентот и заслужува шанса, бидејќи министрите се само осум месеци на нивните позиции“.

„Не треба да се заборави дека за Владата се гласаше на 1.септември и оттука нема потреба за нови кадровски промени.“ – ја пренесува ИНА изјавата на претседателот на Владата Зоеран Заев.

„Можните промени во Владата ги негираат и ДУИ и Движењето ‘Беса“ – пишува денес агенцијата ИНА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This