ЌЕ ИМ БИДЕ ИСПЛАТЕНА ОШТЕТА НА ПОВРЕДЕНИТЕ И СЕМЕЈСТВАТА НА HAСТРAДАНИТЕ ВО АВТОБУСКАТА HECPEЌA: Осигурителната компанија ги повика семејствата да ја достават потребната документација!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Директорот на осигурителната компанија Еуросинг, преку која бил осигурен автобусот на „Дурмо турс“ ги повикал семејствата на загинатите, но и на повредените што побрзо да достават документација за компанијата да им изврши исплата.

„Упатив апел до семејствата да достават документација што поскоро. По три дена компанијата ќе изврши исплата. Им посакувам што поскоро закрепнување“, изјави Кадри Моринај.

Повредените и семејствата на жpтвитe во несреќата од 13 февруари кај село Ласкарци треба да ги обезбедат потребните документи и да ги достават во осигурителната компанија Еуросиг за да добијат оштета. Овој повик го упати директорот на компанијата Еуросиг. Тој изрази сочувство до семејствата на нacтрaдaнитo.

За пoврeдeните ќе се исплатат од 4.500 евра а за семејствата на нacтpaдaнитe до 9 илјади евра.

Оштетата ќе се врши според возраста и случаите, така како што предвидува законот. Вкупната сума изнесува 675 милиони евра, додава Моринај.

Автобусот на компанијата „Дурмо турс“ имал осигурување и според законот, во случај на несреќа, на патниците им следува оштета.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This