ЌЕ ПОКАЧУВАЛ ПЛАТИ, АМА ЌЕ ГИ ПОКАЧЕЛ И ДАНОЦИТЕ: Заев покажува незнаење, ветува повисоки плати, а зголемува даноци, овие две мерки се косат меѓусебно!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кога Заев ќе сфати дека даночната дисциплина е нарушена, а државната каса се празни, тогаш ќе удри со високи казни за да ја сузбие сивата економија и на тој начин ќе ја полни касата. Заев прво ќе ги поттикне граѓаните да не плаќаат данок, а после ќе ги казнува, со тоа ќе си плаќаме тројно повеќе, пишува Никола Србов во статус на Фејсбук

 

Фејсбук статус на Никола Србов:

Во секоја западна држава веста за зголемување на даноците би експлодирала на сите медиуми, едноставно, даноците влијаат врз сите граѓани, од прв до последен. Со зголемувањето на даноците големите странски инвеститори нема да затајуваат данок, ќе го плаќаат, но очекувано, за да останат ликвидни пола работници ќе ги отпуштат од работа и ќе ги прекинат планираните инвестирања. Додатно, Заев ќе се обиде да им наложи зголемување на минимална плата а истовремено и високи даноци, тука веќе станува збор за незнаење, бидејќи овие две мерки се косат меѓусебно, за да ги исполнат обврските кон државата компаниите ќе ги преполоват работниците. ВМРО ДПМНЕ донесе минимална плата но ги намалуваше даноците со што се отвораа нови работни места, растеа платите и даночната дисциплина беше одлична, тоа доведува до задоволни работници, задоволни инвеститори и стабилен буџет. Сега за нови компании не можеме ни да зборуваме. Но има уште поголем проблем, со зголемувањето на данокот ќе цута сивата економија помеѓу граѓаните и малите и средни бизниси, токму тие, очекувано, ќе се обидат да го затајат данокот за да може да преживеат, кога Заев ќе сфати дека даночната дисциплина е нарушена, а државната каса се празни, тогаш ќе удри со високи казни за да ја сузбие сивата економија и на тој начин ќе ја полни касата. Заев прво ќе ги поттикне граѓаните да не плаќаат данок, а после ќе ги казнува, со тоа ќе си плаќаме тројно повеќе.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This