Ќе пресече ли Пендаровски за изборите, ќе биде шеф на државата или привезок на Заев?!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Три дена пред истекот на двонеделната вонредна состојба и претстојната среба на Советот за безбедност кај шефот на државата, Стево Пендаровски се наоѓа во ситуација на избор-или ќе биде претседател на сите граѓани на државата или самиот ќе се претвори во партиски привезок на власта!?

Ова се наметнува по очигледното насилно туркање на власта на брзи корона избори во услови кога бројот на новозаболени е шест пати поголем од бројот кога беше првично прогласена вонредната состојба на 18 март. Но, што е уште поважно, кога постои отворено непочитување на предложените мерки на Комисијата за заразни болести од страна на Главниот координативен кризен штаб. Што ќе рече, дека политиката ја „става под нозе“ науката и здравството воопшто. А, резултат на тоа е превисоката цена, што ја плаќаат граѓаните и енормното зголемување на бројот на новозаболени и починати од Ковид-19.

-Конкретно, одлуката за прогласување на вонредна состојба ја донесов заради заштита и справување со последиците од ширењето на вирусот Ковид-19, изјави меѓу другото претседателот Пендаровски при прогласувањето на првата вонредна состојба.
Во продолжение на своето образложение Пендаровски тогаш наведе дека тоа ќе биде можност на дело да покажеме дека кога станува збор за нашата држава и нашите граѓани, сите политички партии ќе работат заеднички за заштита на здравјето на луѓето и нема да се грижат за својот политички рејтинг. Од оваа временска дистанца може да се заклучи дека партиите, посебно оние од власта, не ја сфатија вонредната состојба, така како што тогаш ја сфати и ја оправда шефот на државата.

– Во оваа ситуација, ќе мора да бидат одложени изборите закажани за 12 април, а парламентарните избори да бидат закажани дури кога ќе се создадат услови за фер и демократско изјаснување на граѓаните. Сите анализи, дебати и калкулации за добивање на гласови или за пратенички мандати сега треба да ги оставиме на страна, затоа што се безвредни во однос на најскапоценото-заштита на животот на нашите граѓани, беше пораката на Пендаровски.
Дали ваквотот негово размислување, особено во однос на најскапоценото-заштита на животот на нашите граѓани, е се уште „во сила“ кај него лично ќе може да се види многу брзо. Зашто, повеќе од очигледно е дека приоритет во моментот се давало на здравјето на граѓаните, а споредно значење имале економските мерки.

Лидерот на владејачкиот СДСМ, Зоран Заев, пак, вчера излезе со сосема друго образложение. За него вонредната состојба била заради економски, а не здравствени или други мерки.

И, ако неговиот порив за брзи корона избори на сметка на здравјето на граѓаните може да се објасни само со борбата за власт по секоја цена и спасување на сопствена кожа, тоа не треба и не смее да важи за претседателот на државата.

До сега, Пендаровски своите одлуки ги носеше врз основа на барање на техничката влада. Но, според Уставот, тој може да донесе одлука и самиот, иако најголемиот број членови на Советот за безбедност се и членови на техничката влада и на Главниот координативен кризен штаб. Општата здравствена состојба и здравиот човечки и политички разум се на страната на Пендаровски. Но, само ако собере храброст и има вистинска желба да биде вистински претседател на државата, а не обична алатка во рацете на владејачкото мнозинство, кое и го предложи за функцијата.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This