Ќе пocкапyваат бpaшното, мacлото, лебот….?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Храната и натаму ќе поскапува. Први на удар ќе бидат маслото за јадење, кондиторските производи, лебот.

Сите производни трошоци растат. Само цената на струјата што ја плаќаат индустриските капацитети за една година е зголемена за 100%.

Цените на транспортот заради пандемијата растат уште повеќе. Цената на пченицата која ќе влијае на крајната цена на брашното и лебот за една година е зголемена за 20%. Кај суровината за маслото, сончогледот зголемувањето е уште поголемо.

Премиерот Битиќи во Тема на денот на Сител вели дека пандемијата се одрази на животниот стандард на граѓаните. Но мерките кои ги презеде Владата во послендите години влијаеа ударот да не биде толку силен што според него се глчеда и од односнот на минималната плата и потрошувачката кошничка.

И НБРМ евидентира раст на цените над очекувањата, а тој тренд се очекува да продолжи зарди неизвесноста на странските пазари.

За владите ширум светот, поскапувањето на храната во нивната земја може да има висока политичка цена.

Прашањето е дали можат да сторат доволно за да спречат нејзино поскапување, пишува „Блумберг“ во својата анализа.

Светските цени на храните се околу 33% повисоки во август, во споредба со една година подоцна, покажуваат податоците на Организацијата на ООН за исхрана и земјоделство.

Така, во моментов светот ги купува најскапите прехранбени производи од 70 -тите години.

Владите можат да интервенираат и да поттикнат пониски цени за одреден период. Но тие не можат да го прават тоа бескрајно – предупредува Kyлeн Xeндpиĸc, експерт во Реtеrѕоn Іnѕtіtutе fоr Іntеrnаtіоnаl Есоnоmісѕ.

Само неколку дена откако ја ослободи владата и ја блокираше работата на парламентот, претседателот на Тунис Каис Саид им нареди на производителите и трговците да ги намалат цените на одредени производи. Како резултат на тоа, црвеното месо е поевтино за околу 10%, а овошјето – за 20%.

Во Романија, владата на премиерот Флорин Кацу подготвуваше планови за намалување на зависноста од увоз од странство, со цел намалување на трошоците и трговскиот дефицит. Политичката криза во земјата, што се случи на почетокот на месецот, ја остави оваа идеја во втор план.

Поголемите економии, исто така, имаат проблеми, по што пандемијата ги засегна доходите. Во САД, најмалку 8,6% од граѓаните посочуваат дека понекогаш немаат што да јадат и не можат да си дозволат да купат храна.

Во меѓувреме, администрацијата на претседателот Џо Бајден ја зголеми државната помош за Американците со средни и ниски примања. Заедно со ова, земјата ја продолжи програмата за купони за храна, но критичарите на шефот на државата веруваат дека тоа не е доволно.

Популарноста и одобрувањето на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган продолжува да се намалува во позадина на зголемените трошоци за живот. Четврти месец по ред, инфлацијата објави раст од 29% во август.

Во меѓувреме, владата почнува да ги проверува и казнува трговците, кои продаваат по „надуени“ цени.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This