April 30, 2024, 10:55 am

Ќе се менува распоредот и автобуските линии – ова се деталите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Градот Скопје денеска потпиша договор за изработка на Студија за оптимизација на мрежите на линии на автобускиот јавен превоз во Скопје. Потребата од ваква студија се наметна заради фактот што актуелната мрежа на линии според која е организиран јавниот автобуски превоз во Скопје е направена врз основа на студија која датира од пред точно 40 години – од 1981 година.

– Како што веќе знаете, со заем во висина од 10 милиони евра, обезбедени од Европската банка за обнова и развој, Град Скопје и ЈСП набавија 33 еколошки автобуси. Во рамките на тој проект од ЕБОР е обезбедена и техничка поддршка преку грант од неповратни средства за изработка на Студија за оптимизација на мрежите на линии на автобускиот јавен превоз. Преку отворена јавна постапка, спроведена од ЕБОР, за изработувач на студијата е избран конзорциумот меѓу израелската компанија РОМ Транспортејшн и англиската ГСТЦ ЛТД со понуда во висина од 322.530 евра.

Оваа понуда е избрана како најдобра од вкупно 17 понуди од светски реномирани консултантски организации од сферата на транспортот. Станува збор за исклучително искусни и реномирани компании кои изработувале вакви студии за потребите на јавниот превоз на градови од Израел, Велика Британија, Романија, Литванија, Хрватска и други земји членки на ЕУ, градови од соседните Србија и Албанија, како и градови од поранешните советски републики, од Јужна Америка и други – рече градоначалникот Петре Шилегов, по потпишувањето на договорот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This