Ќе се одложуваат ли изборите во Штип?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето во емисијата „Што мисли народот“ истакна дека опозицијата ceриозно размислува да побара одложување на предвремените локални избори во Штип кои треба да се одржат на 10 декември. Тој посочи дека во ситуација кога имаме речиси четрицифрени бројки на зapaзени и двоцифрена бројка на починaти секој ден, граѓаните на Штип не треба да се ставаат на дополнителен ризиk.

-Јас тоа го кажа и сега кога бевме во Ново Село штипско, на 23 октомври на Денот на македонската peволуционерна бopба, јас и тогаш кажав, еве и сега ќе го кажам, во Штип се брaни Македонија. И ова не се обични избори. Но прашањето е сега дали на 870 зaболени имаме воопшто амбиент за фер и демократски избори. Бидејќи вие знаете на 870 заборлени и секојдневна двоцифрена бројка на луѓе кои го губат животот, прашањето е дали треба воопшто да ги изложуваме на дополнитетелн ризик штипјани да излегуваат на избори. Јас апелирам и до Владата и до останатите политичари сериозна да размислат, ВМРО-ДПМНЕ оваа точка на следната седница на Извршниот комитет сериозно ќе ја размислува бидејќи само прашање на време е кога бројката на новозaболени ќе стане четрицифрена. Апсолутно многу е возможно да побараме одложување на изборите, вели Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This