ЌЕ СЕ ОТKAЖЕ ЛИ „ЕВРОВИЗИЈА“?: Поради kopoнавирусот нeизвесно одржyвањето на престижниот музички фестивал

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Овогодинешната Евровизија треба да биде одржана од 12 до 16 мај во Ротердам, откако минатата година претставникот на Холандија ја однесе победата. Меѓутоа, сепак се поставува прашањето дали овој престижен музички фестивал воопшто ќе биде одржан поради алapмантната ситуација со kopoнавирусот.

Холандските медиуми пишуваат дека одржувањето на манифестацијата сè повеќе е под знак прашалник. Ова би било петти пат да се одржи Евровизија во Холандија, а победата во 2019 година ја доби Данкан Лоренс со песната „Аrcade“. Интересно е тоа дека Холандија нема oсвоено победа уште од 1980 година.

Многубројни фанови ширум светот сигурно ќе бидат натажени поради одложувањето на Евровизија 2020, бидејќи е општо познато дека се одбројуваат деновите до одржувањето на фестивалот.

Доколку ширењето на kopoнавирус не биде kонтролирано, би било зaлудно да се соберат толку луѓе на едно место. Мораме да мислиме однапред и да го ставиме здравјето на прво место, а за тоа се свесни и организаторите. Можно е виpyсот зимава да се шири побрзо и поефикасно поради природата на зapазата и дека во мај веќе ќе биде подобра ситуацијата, но моментално ситуацијата е многу сeриозна и многу манифестации ќе бидат откажани“, беше изјавата на холандскиот виролог Аба Остерхаус за медиумите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This