„ЌЕ ГО ШИTHE ЛИ ЗАЕВ И ГОЦЕ“: Ѓоргиев – умерен оптимист сум за изнаоѓање решение за Гоце Делчев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања паузира во активностите и ќе нема средби до завршувањето на изборите кај нас, но контактите не се целосно прекинати, соопшти историчарот Драги Ѓоргиев, шеф на македонскиот тим.

На последниот состанок на 28 и 29 ноември 2019 во Софија тимовите на двете земји решија неколку месеци да не се состануваат додека трае предизборниот период, откако во октомври беа најавени предвремените парламентарни избори за април 2020.

– Работата на комисијата не е целосно прекината. Во меѓувреме ние, секако, имаме контакти. Сè уште ги усогласуваме записниците од последната средба, ги преведуваме на македонски и на бугарски јазик – рече Ѓоргиев.

Покрај учебниците за седмо и осмо одделение, на последните три средби тема беше и заедничкото чествување на Гоце Делчев, што ги отвори и различните позиции на двете страни кои, се чини, се непомирливи. Во однос на изнаоѓањето решение, Ѓоргиев одговори дека е умерен оптимист, нагласувајќи дека работата на комисијата не би сакал да ја врзува со политиките на двете држави.

-Тоа е чисто академска комисија на која ѝ треба простор и време за да работи и јас сум умерен оптимист во однос на изнаоѓањето решение. Се имаме помрднато во некои погледи за Гоце Делчев, за учебниците полесно одат работите, меѓутоа потребно е време и оставање на самата комисија да решава некои работи без политички притисок – изјави Ѓоргиев.

Во однос на периодот по 1941 и дали постои Македонија, рече дека за тие пероди е доста пишувано во историографиите на двете земји и тука не станува збор, како што рече, дали постои или не посто Македонија.

– Постојат историски факти кои ние, историчарите, сме ги толкувале и понатаму ќе се толкуваат, и од тој аспект нема да се случи радикална промена, да се смени историјата или нешто да се избрише. Фактите не можат да се избришат – рече за медиумите Ѓоргиев кој денеска присуствуваше на годишното собрание на МАНУ.

Прашан за ставот на БАН дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот, што беше усвоено и во декларација од бугарскиот парламент, академик Радован Павловски одговори дека станува збор за државен јазик на кој ги напишал своите дела за кои има светски признанија.

– Јас на тој јазик имам светски признанија и преведен сум и на бугарски. Ниедна соседна држава, ни една академија не може ни да ми го даде ни да ми го земе јазикот – рече Павловски, додавајќи дека не може да се одрекува ниту постигнатиот и потпишан договор односно „не може секое едно решение да се оспорува“. За Гоце Делчев академикот кажа дека е надисториоска и наднационална личност.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This