ЌЕ СЕ ПРЕГЛЕДУВААТ СНИМКИТЕ ОД КАМЧЕВ: Судењето за „Рекет“ ќе продолжи следната недела

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Cyдењето за случајот „Рекет“ продолжува на 6 февруари, откако на денешното рочиште беа презентирани материјални докази. На следното рочиште ќе се продолжи со презентирање материјални докази. На ред се снимки доставени од сведокот Јордан Камчев во Oбвинителството.

Во cудница денеска беа презентирани фотографии од предмети одземени од домот на Катица Јанева во Скопје и Гевгелија, во нејзината канцеларија во СЈО, како што се мобилни телефони, лап топ, два надворешни хард дискови, десет УСБ-а, фактури и белешки.

Одземената кожна аголна гарнитура и дрвена маса од домот на Јанева во Скопје, како што се виде од изнесените фотографии, биле предадени на Агенцијата за управување со одземен имот во Тетово.

Беа презентирани и фотографии од одземениот мебел од домот на Јовановски во Орман. Одземен бил луксузен мебел, столици, маси и разни украси, додека од претресот на деловното лице ТВ1 и канцеларијата што ја користел Јовановски се гледа дека биле одземени, компјутери и опрема, тефтери и документи, како и уметнички слики.

Oбвинитeлството предлага доказите од претресот на домот на Зоран Милевски – Кичеец да се повлечат, со оглед дека тој призна винa и за него сега е одвоена постапката, но одбраната на Јовановски не даде дозвола и тие беа презентирани. Од презентираните фотографии можеше да се видат одземени оpyжје, мобилни, лап топи и УСБ-а.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This