ЌЕ ТРГНА ЛИ КОН БАЛКАНОТ: Грчките острови се полнат со мигpaнти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Само на грчкиот остров Лезбос во текот на викендот, заклучно со утрово, пристигнале 455 бeгaлци и мигpaнти, од кои половина, односно 227 биле регистрирани од полноќ до 9,30 часот денеска, пишуваат грчките медиуми повикувајќи се на Дирекцијата на грчката полициja надлежна за северниот дел на Егејското Море.

Според официјалните податоци од грчката Влада за вчера и завчера, на островите во близина на Турција пристигнале 622 лица и доколку на оваа бројка се додадат и денешните 227, вкупниот број е 849 бeгaлци и мигpaнти, jави дописничката на МИА од Атина.

Особено е голем бројот на лица кои на Лезбос, Хиос, Самос и останатите острови, пристигнале во саботата – 571 бeгaлeц и мигpaнт, а вчера имало значително намалување – само 51 лице.

Од почетокот на месецов, заклучно со вчера, односно во првите осум дена од септември, според официјалните податоци од грчката Влада за ситуацијата на островите во источниот дел на Егејското Море, пристигнале 2.474 бeгaлци и мигpaнти

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This