Ќе ja бpaниме Европа од 1 милион Авганистанци: Орбан со шokaнтни податоци за мигрантската kpиза во најава

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Унгарскиот премиер Виктор Орбан на денешната посета кај неговиот чешки колега Андреј Бабиш, соопшти дека Унгарија очекува милион Авганистанци да пристигнат на унгарската граница, но потврди дека земјата не ги сака бегалците.

Тој ја искористи оваа прилика ѝ да и се обрати на Украина, велејќи и дека таа не треба да се меша во политиките на Унгарија, пренесува Ројтерс.

Не верувам дека ќе избегнеме нов бран миграција. Голем дел од населението од Авганистан ќе се обиде да дојде во Европа преку Балканот. Унгарија не само што се брани самата себе, туку и Чешка и Европа, а јас не се срамам да побарам војници од премиерот Бабиш. Ќе ни треба помош за да ја браниме границата, изјави Орбан.

Бабиш, еден од најбогатите Чеси и поддржувач на пристапот на Орбан кон миграцијата, рече дека неговата влада се согласила да испрати 50 чешки полицајци оваа недела да ја бранат надворешната граница на Европската унија со Унгарците.

Унгарија е суверена земја и ние земаме гас кога сакаме и само ние одлучуваме по кој пат тој ќе дојде во Унгарија. Кога ќе одлучиме за трасата, единствениот критериум е каде е загарантирана најголемата безбедност и ние ја избираме таа рута, рече Орбан.

Украина го осуди договорот што Унгарија неодамна го потпиша за испорака на руски гас преку Турски тек и Србија во следните 15 години, плашејќи се дека во комбинација со идните испораки преку „Северен тек 2“, тоа е знак дека Украина ќе остане без транзит на руски гас.

Тоа нема никаква врска со Украина. Тоа е прашање за суверенитетот на Унгарија, рече Орбан.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This