ЌУЛАВКОВА: Венецијанската комисија е зрак надеж за ykинување на Законот за јазици

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Венецијанската комисија е зрак надеж за ревизија и укинивање на новиот закон на јазиците во Македонија и за обнова на статусот на македонскиот на ниво на државен јазик во Македонија.

Вака професорката Катица Ќулавкова за „Република.мк“ го коментира драфт документот на Венецијанската комисија кој се однесува на забелешките за Законот за јазици кој беше испратен на оцена од страна на Владата.

Според неа, oвој нацрт само укажува на неизбежните проблеми до коишто ќе се дојде при примената на новиот Закон за јазиците, првенствено во областа на судството.

Професорката оценува дека Законот е во целост проблематичен, затоа што ја радикализира статусот на албанскиот јазик, а не го заштитува постојниот статус на македонскиот јазик како уставно недвосмислено единствен државен јазик во Македонија, туку обратно, го оштетува, го сведува на факултативен и опционален во државата.

Новиот закон создава услови за неправедна позиција на Македонците и говорителите на македонскиот јазик во Република Македонија, поставувајќи услови за задолжителна употреба и учење на јазикот на една малцинска заедница, албанската, преку санкции, инспекторати, агенции, институционални условувања на македонските граѓани при вработувањата и сл. Законот веќе воведува конфузија, сложени односи, погрешно разбирање и неразбирање во комуникацијата, повреда на македонскиот јазик во државните органи на сите рамништа и во централната власт, што ќе повлече нефункционалност, јазичен и државен паралелизам, јазична федерализација која е поопасна од територијалната, всушност јазична окупација на целата територија и држава во Македонија-вели професората за „Република.мк“.

Таа потсетува дека секоја високо развиена цивилизација има право на заеднички јазик за разбирање или т.н. лингва франка, и во историјата и во современоста. Без тоа според професорката, нема ефикасна држава ниту унитарно и интегриурано општество.

Ниту една војска, милиција, гранична полиција, безбедносни служби, здравство, судство, не можат да функционираат ефикасно без заеднички државен/национален јазик обврзан за сите, како што беше македонскиот. Сите народи се бунат кога им се одземаат и деградираат стекнатите јазични, културни и држвани права, само Македонците молчат. Тоа е една неприродна состојба, како таква има знаци на политичка и институционална патологија. ЕУ треба да применува исти стандарди за Македонија како што ги има за Естонија на пример и многу други држави членки на ЕУ. Сликата на македонската држава е преоптоварена со албанска иконографија, која се наметнува регионално над македонската. Тоа мора еднаш да ја загрижи македонската јавност, ако веќе не е премногу доцна-додава професорката.

Забелешките на Венецијанската комисија главно се однесуваат на одредбите во врска со двојазичноста во судските постапки, како и одложување на извршувањето на паричните санкции сѐ додека не се измени законот.

Венецијанската комисија бара и да се ревидира членот 3 од законот – кој предвидува употреба на албански јазик во внатрешна и меѓуинституционална комуникација, на пример со ограничување на обемот на писмената службена комуникацијa.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This