April 28, 2024, 12:04 pm

Ќучук до Заев: Се надевам дека наскоро ќе биде обновен дијалогот со новата бугарска влада

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Обновување на довербата и добрососедските односи со Република Бугарија и процесот на европска интеграција беше во фокусот на работната посета на постојаниот известувач на ЕП за Македонија и копретседавачот на АЛДЕ, Илхан Ќучук на Република Македонија.

– Силно се надевам дека дијалогот со новата бугарска влада ќе биде обновен што е можно поскоро. Двете страни се посветени на заеднички напори и изнаоѓање заеднички јазик, поради сегашната ситуација, најголеми губитници се граѓаните на Република Бугарија и Република Македонија. Во меѓувреме, не смееме да престанеме да промовираме добри примери, бидејќи тие ќе бидат основа за градење добрососедски односи, истакна тој на средба со премиерот на Македонија, Зоран Заев.

Од своја страна, премиерот Заев исто така се со согласи дека треба да продолжиме да ја поддржуваме соработката што е изградена на медиумско, универзитетско и бизнис ниво во последниве месеци, бидејќи добрите примери ги доближуваат нашите народи и ги елиминираат националистичките линии.

Копретседавачот на партијата АЛДЕ посочи неколку примери кои се доказ за успешните заеднички иницијативи меѓу двете земји, меѓу кои и натпреварот „Македонија и Бугарија – блиското и далечното“, што се одржува под покровителство на Ќучук за што планира да вклучи и бугарски и македонски студенти. Друг пример за соработка помеѓу двете земји е договорот потпишан оваа година за размена на информации помеѓу БТА и Информативната агенција за медиуми на Република Македонија (МИА). Во септември, доаѓа и состанокот „Време за разговор“, организиран од БТА со поддршка на европратеникот. Настанот ќе се одржи од 20 до 23 септември во Софија и Велико Трново, а ќе присуствуваат Оливер Вархеји – еврокомесар за соседство и проширување, премиер на Република Македонија Зоран Заев, проф. Владо Бучковски – специјален претставник на Република Македонија за Бугарија, Н.В Цар Симеон Втори и други.

За време на посетата, Ќучук се сретна и со вицепремиерот Артан Груби, вицепремиерот Никола Димитров, министерот за надворешни работи Бујар Османи, министерот за здравство Венко Филипче, министерот за локална самоуправа Горан Милевски и лидерот на партијата Дуи, Али Ахмети.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This