April 28, 2024, 12:31 pm

Ќe ce изнeнaдитe: Eвe кoлкy cтoгoдишници живeaт вo Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во земјава има повеќе од 2.000 луѓе кои навршиле 100 години.

Во моментов во државата има 2.040 државјани стогодишници, потврдуваат од Министерството за внатрешни работи. Пракса Златковска од селото Дулица во близина на Македонска Каменица е една од најстарите жители во земјава. Таа има 103 години, но со текот на годините го изгубила видот. Нејзините блиски сметаат дека генетиката има голем удел за должината на животниот век.

„Мило ни е што жената доживеа длабока старост. Луѓето се чудат кога ќе слушнат колку години има. Ја посетуваме во селото, таа е свесна, со неа може да се направи муабет, но не гледа оти го изгуби видот поради старост. Таа вели дека порано јаделе здрава храна, а не како ние денес. Баба ми си живее во селото, и не се плаши од коронавирусот затоа што не ни чула за него. Во селото има уште еден жител маж кој има стотина години, а другите жители се на возраст од 50, 60 до 70 години. Дулица има стотина куќи, но тие се расфрлани, не се блиску една до друга“, вели нејзиниот внук Оливер Стојковски.

Жените имаат подолг животен век од мажите. Според податоци на Евростат,  мажите во Македонија во просек живеат 74,6 години, додека жените имаат четири години подолг животен век, односно 78,8 години. За две години е зголемен животниот век на граѓаните во Македонија, покажуваат податоците на Евростат кои се однесуваат на периодот до 2009 до 2018 година.

Kaзафер Емруловски од селото Броштица во западна Македонија, наставник кој воедно е хроничар во овој крај, раскажува дека има жители кои доживеале длабока старост, а сега во Броштица најстариот жител има 90 години.

„Во Центар Жипа има жители кои се околу 90 или над 90 години, но стогодишен жител сега нема“, рече тој.

Очекуваниот животен век на граѓаните во Македонија е 76,7 години.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This