ЏАБЕ ГО ГРЕБЕА МЕРЦЕДЕСОТ: Сведоците го рушат обвинението за нелегалноста на набавката на „Мерцедесот“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со задоцнување од половина час во Кривичниот суд денеска се сослушуваат 5 сведоци за предметот на СЈО „Тенк“ во кој обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски.

Судијката Добрила Кацарска не сметаше дека судењето треба да се одложи, иако адвокатката на Јанкулоска, Сања Алексиќ, доставила писмена молба до судот со која таа бараше одложување поради смрт на близок член во семејството. Јанкулоска остана без бранител, а судењето продолжи.

Ова е своевиден преседан во судската пракса, да продолжи рочиште без адвокат на обвинетите кој уредно побарал одложување на рочиштето.

Во текот на денешното рочиште беа сослушани двајца сведоци вработени во фирмата Мак аутостар кои во 2012 година работеле во фирмата кога е и набавено блиндираното возило.

Пред судот двајцата сведоци изјавиле дека немале ниту пред, ниту за време на јавната набавка никакви контакти со тројцата обвинети.

Сведокот Марко Јовановски, кој бил раководител на секторот продажба во фирмата Мак аутостар изјавил дека имал контакти исклучиво со некои лица вработени во МВР и тоа откако завршила постапката, односно јавната набавка. Овие лица биле упатени на обуки за користење на блиндираното возило.

И во досегашната судска постапка за случајот на СЈО именуван како Тенк беа сослушувани сведоци на СЈО кои ја потврдија легалноста на постапката за набавка на возилото „Мерцедес“, модел „С-600 гард“.

Од досегашниот тек на постапката јавноста можеше да заклучи дека се работи за набавка во која се испочитувани сите законски процедури и дека истата за возило од ваков тип е неопходно за нормалното функционирање на една држава.

Прв кој се возеше во Мерцедесот беше генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки Мун, а втор кој го користел е емирот од Катар, кој беше во посета на Македонија. Возилото е користено и за превоз на високите челници на ЕУ, кои ја посетувале нашата држава.

На претходните рочишта беше кажано дека и во минатото се случувало возилата кои се користеле често да се расипат, па гостите останувале на патот, чекајќи ново возило да дојде по нив околку има на располагање или пак продолжувале по патот со возило кое не ги исполнува безбедносните стандарди.

Судијата Кацарска, во текот на целата постапка денес беше крајно нетрпелива кон одбраната на обвинетите. Таа упати опомена на записник кон адвокатот Боро Тасевски, затоа што рекол дека сведокот не го разбрал прашањето. Во текот на одговарањето на прашањето, кога сведокот говореше, Тасевски реагираше бидејќи сведокот одговарал сосема на друго прашање. Сведокот Сашо Николовски, вработен во МВР во Секторот за јавни набавки не успеа да го даде потребниот одговор, а адвокатот беше казнет од страна на судијката Кацарска.

Судот продолжи со постојната пракса за пренатрупување на предметите против поранешните функционери на ВМРО-ДПМНЕ во мал временски период. Имено Кацарска ги закажа следните рочишта за 10, 11, 18, 20, 23 и 25 април.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This