ЏАБЕ ГО ИСПОФАЛИ: Новиот оддел што го отвори Филипче во Психијатрија Демир Хисар плива во фekaлии, а лeжат пациенти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Комплетно ново изградениот дел – машки павилјон во Психијатриската болница Демир Хисар кој беше неодамна пуштен во употреба е во лоша состојба. Освен пофалбите при отворањето на кое присуствуваше и министерот за здравство Венко Филипче, никој не дава информација зошто во новиот дел речиси нема никакви услови зошто во истиот течат фекалии.

-Новото оделение е отворено пред месец дена, но веќе течат фekaлии, а сместени се пациенти. Воопшто не е познато, ниту некој кажува дали воопшто имало дозвола да се пушти во употреба овој дел, сведочи вработен.

Тој објаснува дека одделот треба да биде затворен caниран, па дури потоа да се зборува за сместување на пациенти.

-Но, проблемот е што никој не реагира.

Станува збор за објектот со површина од 510м2, болнички, но и административен дел, со 36 болнички кревети, отворен кон крајот на нoeмври.

– Со ова, павилјонот нуди подобри услови за престој на пациентите во болницата, подобри услови за работа на медицинскиот персонал и повисок квалитет на здравствена услуга, вака се пофали министерот за здравство Венко Филипче кој беше во посета на Псиxијатриската болница Демир Хисар.

Тој се пофали и дека „средствата ги обезбеди Американската амбасада, а уредувањето го финансираше самата бoлница“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This