ЏАБЕ ГО СМЕНИВМЕ ИМЕТО, НЕМА ДАТУМ НИ ВО МАРТ: Фуере и Османи пecимисти за датум за почеток на преговори во март

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ниту вицепремиерот Бујар Османи, ниту пак, поранешниот евроамбасадор во земјава, Ерван Фуере, не се големи оптимисти дека Македонија во март ќе добие датум за почеток на преговорите со ЕУ. Овие ставови беа изнесени на годишната конференција на Секретаријатот за Европски прашања во Струга, на која се сумираат резултатите од процесите на европска интеграција на земјава во годината која изминува, пренесува Алсат.

-ЕУ веќе не е тоа што беше. Има помалку предвидливост за сега да зборуваме за некаква динамика. На сите им е јасно дека се направи грешка и оти ние бевме спремни за почеток на преговорите…. Премногу се комплицирани односите во ЕУ. Важно е ние да сме спремни и за јануари и за февруари и за март и за сите други месеци – вели Бујар Османи.

Поранешниот евроамбасадор во земјава, Ерван Фуере истакна дека ќе биде навистина предизвик да се работи на тоа да се постигне консензус за почеток на преговорите во март поради начинот на кој функционираат разговорите во ЕУ и тоа можеби нема да биде можно, но секако дека треба да се работи најдоцна до јуни да се донесе одлука за формално отпочнување на преговорите.

-Јасно е дека одлуката треба да се донесе што е можно побргу, бидејќи тоа ќе биде признание за сите напори кои Северна Македонија ги направи за постигнување на оваа цел… – рече Ерван Фуере-поранешен амбасадор на ЕУ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This